Десет години од животот на славниот режисер од анимациското студио „Гибли“ се прикажани во документарен филм, поделен во четири епизоди, преку кои публиката ќе има чест да го следи создавање на два негови филма, како и неговиот секојдневен живот, неговите размислувања за животот и за креацијата.
Јапонскиот режисер Каку Акавара го започна својот 10-годишен проект во 2006 година.

Ретка е можноста да го чуеме дискретниот режисер на „Авантурите на малечката Чихиро“, „Порко Росо“ и „Принцезата Мононоке“ како зборува, а уште помала е шансата да го видиме како работи. Токму тоа е она што го прави овој документарен филм, завршен во 2019 година, толку привлечен, а сега и достапен бесплатно на јапонскиот канал НХК.

Поделен во четири епизоди од по 49 минути, документарецот го следи Хајао Мијазаки низ креацијата на „Понјо“ (2008) и „Се засилува ветрот“ (2013), посебен период во историјата на студиото „Гибли“, обележан со земјотресот во Тахоку и од цунамито како резултат на нуклеарната катастрофа во Фукушима, во 2011 година. Преку неговите зборови, публиката го открива креативниот процес на овој уметник со неисцрпна љубопитност, неговата поетска визија за анимацијата, неговите размислувања за создавањето, минливоста на времето и неговата професија, која поминува низ целосен бран промени.