„Доктор Смрт“ е нова криминалистичка драма за амбициозен неврохирург, кој станува предмет на истрага од двајца колеги хирурзи по неколкуте случаи на смрт и парализа што се случиле за време на рутинските операции, за кои тој бил надлежен. Главните улоги во оваа мини-серија ги играат Џошуа Џексон, Алек Болдвин и Кристијан Слејтер.
„Доктор Смрт“ е филмска адаптација на истоимениот поткаст, кој се базира на вистинската приказна за доктор Кристофер Данч (Џексон), млад и самоуверен неврохирург, вработен во неколку болници во Далас. Овој, наводно, брилијантен лекар направил големи грешки за време на операциите, што оставиле сериозни последици врз неговите пациенти, кои по операциите останале инвалидни, а некои од нив не преживеале. Двајца хирурзи, Рандал Кирби (Слејтер) и Роберт Хендерсон (Болдвин), и јавниот обвинител во Тексас одлучиле да му застанат на патот и да го реформираат здравствениот систем што му дозволил на таков човек некогаш да стане доктор.
Мини-серијата „Доктор Смрт“ ќе има осум епизоди, кои ќе бидат достапни од 15 јули на стриминг-сервисот „Пикок“.