Годинашното доделување на најпрестижните филмски награди „оскар“ ќе се одржи без официјален домаќин, првпат во 30-годишната историја на оваа манифестација, објави Би-би-си. Шефот на „Еј-би-си ентертејмент“, Кери Бурк, компанија преку која се емитува комплетната церемонија од доделувањето на наградите, изјави дека наместо еден водител, ќе видиме повеќе познати славни личности, некогашни и актуелни добитници на „оскар“. Направени се повеќе анализи, како да се пополни улогата на домаќин на „оскарите“, една од најодговорните задачи во американскиот шоу-бизнис.

Во декември, комичарот Кевин Харт се повлече од организирањето на церемонијата по обелоденувањето на некои негови постари хомофобни твитови. Тој изјавил дека не сака да биде пречка и оти му е жал ако со своите изјави повредил луѓе.

Имено, домаќинот на доделувањето обично ја отвора церемонијата со пригоден говор, а одговорен е и за комичните моменти во текот на доделувањето на златните статуетки.