Традиционалните награди „кидс чојс“, чии добитници се избираат со гласовите на децата, беа доделени во Лос Анџелес. На доделувањето, добитниците, како и обично, беа полеани со лигава, зелена течност, на радост на децата во публиката.

За најдобар филм е прогласен „Одмаздници: Војна на бескрајот“, омилен глумец е Ноа Сентинео, а глумица Џои Кинг.

Ајром Мен е прогласен за најпопуларен суперхерој, а музичките награди ги добија: „Марун 5“, Шон Мендес и Аријана Гранде.

Најдобар анимиран филм е „Неверојатни 2“, а комична серија „Полна куќа“.