Скопје, улица, музика. Трите зборови кои во себе ја содржат суштината на тоа што од
вчера до недела се случува на седум различни локации во градот. Skopje Street Music Festival 2018 потсетува дека добрата музика треба да е достапна за сите.

На вториот ден од фестивалот, денеска ќе настапат Антоние Весковски – вибрафон и Елена Чадиковска – ксилофон и гитара, во паркот кај авиончето, Аеродром (18 часот), Гудачки квартет – Пламенка Трајковска, мали камерни состави, Band Off на платото пред Универзална сала (20 ч.) и Ani Kinor Quartet, Toni Pecanov – бандонеон на плоштад Скендер-Бег (22 ч.).

Повеќе информации за фестивалот може да најдете на следниот линк.  

Ко-организатор на фестивалот е Конгресен центар Александар Македонски, а
покровител е Град Скопје.