Сопственик на лото-ливче од Велика Британија го освои џекпотот на „Евромилион“, со што стана најбогат Британец кој е добитник на лото. Како што пренесуваат британските медиуми, ако се работи за една личност, тогаш тој ќе стане побогат и од најбогатите славни личности во Велика Британија. Меѓу нив се споменуваат сер Том Џонс, младиот пејач Ед Шеран, Адел и други.

Операторот на националната лотарија изјави дека добитникот освоил џекпот од 170.221.000 фунти. Добитникот допрва треба да биде менуван и не е познато дали се работи за личност, семејство или синдикат.

Добитните броеви биле 7,10,15, 44, 49, со 3 и 12 избрани за среќни броеви.

Ако победникот е поединец, неговото ново богатство ќе му заработи место на листата на 1.000 најбогати луѓе на „Сандеј тајмс“ кои живеат во Велика Британија или имаат британски бизнис-врски.