Оскаровката Вупи Голдберг го најави доаѓањето на третото продолжение на популарниот филм „Сестри во акција“. Првиот дел од филмот излезе во 1992 година, а вториот веднаш следната година. Вупи ќе глуми во третото продолжение и ќе го режира. Оваа вест беше потврдена од првиот човек на продукцијата на филмското студио „Волт Дизни“, Шон Бејли. Деталите за третото продолжение сè уште не се познати, но познато е дека американскиот актер и продуцент Тајлер Пери ќе биде дел од продуцентскиот тим.
– Мислам дека продолжението ќе биде вистински хит затоа што станува збор за забавен семеен филм полн со добро и лошо пеење на бурните калуѓерки – изјави Голдберг.

Вупи претходно го најави продолжението на филмот во емисијата „Лејт шоу“.
– Откако собравме впечатоци по првите две продолженија, мислевме дека достигнавме кулминација и не треба да го снимаме третиот дел. Отпрвин немаше интерес за снимање на продолжението, но во последните години интересот се зголеми и планот за снимање оживеа – рече таа, но во тоа време ништо не беше официјално договорено.
Во првиот дел, Делорис ван Картер, која ја глумеше Вупи Голдберг, беше сведок на убиство и беше скриена во манастир, како дел од програмата за заштита на сведоци. Во вториот дел, Делорис ван Картер повторно добива покана да му помогне на запуштеното католичко училиште во улога на калуѓерка.