Нема сомнение дека блокбастерот на Џејмс Камерон од 1997 година, „Титаник“, е ремек-дело. Тричасовниот класик отсекогаш има ист ефект врз луѓето 23 години подоцна и тешко би било да се замисли поинаку, па дури и една поинаква реченица од филмот.
Филмот, кој заработи над 2 милијарди долари на киноблагајниците, никогаш нема да остари, а љубителите на потресни трагични сцени секогаш ќе цитираат реплики од култниот филм.

Режисерот Џејмс Камерон неодамна откри дека познатите зборови на Леонардо ди Каприо: „Јас сум крал на светот!“ воопшто не биле во сценариото и биле целосно импровизирани од Ди Каприо за време на снимањето, пишува порталот „Инсајдер“.
Сцената во која Ди Каприо (Џек) и неговиот пријател Фабрицио стојат на врвот на палубата на бродот гледајќи како скокаат делфините во брановите и кога Џек извикува дека е крал на светот е сцена што отсликува среќа и радост при патување на брод во нова земја, но исто така ја претскажува страшната судбина на бродот.