Фармерките не треба да се перат често, смета извршниот директор на компанијата „Левис“, Чип Берг. Тој не е осамен во ова свое размислување.
– Добрите џинс-панталони речиси никогаш не треба да се перат во машина за перење алишта или тоа треба да се прави многу ретко, затоа што има негативен ефект, му штети на материјалот од кој се направени – објаснил тој.
И не е единствен во ова размислување.
Истото го сугерира уште еден производител на ова популарно парче облека, Хјуит Деним. И двајцата велат дека со носењето фармерките изгледаат сѐ подобро.
Одделни производители имаат еден необичен совет. Во текот на ноќта фармерките да се чуваат во замрзнувач за да се отстранат бактериите. Се препорачува и користење средство за отстранување бактерии, пишува британскиот весник „Индипендент“.