Пијанистот и композитор Диран Тавитјан, за кого критичарите велат дека е еден од најдобрите на Балканот, е меѓу номинираните за хрватската музичка награда „порин“. Тој конкурира за ова високо музичко признание во категоријата најдобар продуцент за 2020 година, за последниот албум на легендарниот глумец, поет и музичар Раде Шербеџија, насловен „Не окреќи се, сине“. Гаро Тавитјан, помалиот брат на Диран, исто така е меѓу големиот број учесници на овој албум, во улога на специјален гостин.