Најновото видео на „Дизни“ со божиќна емотивна реклама допре до илјадници срца на луѓе низ целиот свет. Неделава е објавена триминутната реклама во која се истакнува важноста на зачувувањето на семејните традиции. Видеото завршува со едноставна порака од Дизни: „Од нашето семејство до вашето“.

Ова е прва реклама на „Дизни“ за Божиќ за која соработувале со фондацијата за деца „Мејк а виш“, на која ќе и бидат донирани 25 отсто од приходите при продажбата на играчката Мики Маус, објавува компанијата „Дизни“ на својата официјална веб-страница, а пренесува британски „Експрес“.