„Дизни“ продава маски за лице кои се немедицински и за повеќеократна употреба со ликовите од фимовите на „Дизни“, „Пиксар“, „Марвел“ и од „Војна на Ѕвездите“, за деца и за нивните семејства.

„Дизни“ ќе го донира целиот приход од продажбата на овие платнени маски за лице (околу 560.000 евра) на организации на Црвениот крст низ Европа до 30 ноември годинава.

Тие се достапни во мали, средни, големи и екстра-големи димензии со отпечатените омилени ликови од цртаните филмови меѓу кои се се Мики и Мини Маус, Елса, бебето Јода и многу други.

Маските за лице на „Дизни“ се продаваат преку Интернет во пакувања од по четири маски, по чена 22 евра.

Маските се направени од ткаенина и не се хируршки. Тие се тестирани од независни лаборатории за нивната филтрација и пропустливост при дишење.