Нова анимирана серија „Војна на ѕвездите“, фокусирана на елитната група клонови, ќе почне да се прикажува на стриминг-платформата на компанијата „Волт Дизни – Дизни плус“ во 2021 година, објави компанијата.
Серијалот, со оригинален наслов „Војна на ѕвездите: лоша серија“, ќе ги следи експерименталните клонови во галаксијата што брзо се менува по завршувањето на војната на клоновите, соопшти компанијата.
„Дизни“ инвестира во нови програмски содржини за да привлече претплатници на стрим-платформата „Дизни плус“, која почна во ноември 2019 година и имаше повеќе од 50 милиони претплатници неколку месеци по стартот.