Обожавателите на Дејвид Финчер имаа многу причини да слават во последните неколку месеци. Во септември минатата година се одбележа 25-годишнината од филмот „Седум“, длабоко вознемирувачкиот психолошки трилер на Финчер, кој на триесет и тригодишна возраст во тоа време стана еден од младите режисери кои најмногу ги поткопува постојните вредности на Холивуд, пишува Би-би-си.

Само неколку недели подоцна филмот „Социјална мрежа“ наполни 10 години. Во овој филм направено е сеопфатно истражување за Марк Закерберг и создавање на Фејсбук на кој Финчер соработуваше со сценаристот Арон Соркин.

Најголемата возбуда за обожавателите на Финчер сепак беше тоа што, по повеќе од шест години од неговиот последен филм „Исчезната“, филмот „ Манк“ конечно пристигна на Нетфликс. Првите критики на „ Манк“ се многу позитивни со што Финчер автоматски стана еден од главните кандидати за „оскар“ за најдобар режисер.

Ковид-19 го поремети календарот за премиери на филмови во кино салите минатата година, така што конкуренцијата на Финчер не е толку силна како што можеше да биде.

Сепак, голем срам е за Американската филмска академија што овој титан на модерна режија доби номинации за најдобра режија само за филмовите „Љубопитниот случај на Бенџамин Батон“ и „Социјална мрежа“.

И покрај ваквиот превид, на Финчер долго време му беше загарантирано место во филмскиот пантеон. Ниту еден современ режисер не ги проучувал отуѓеноста, депресијата, опсесијата и мрачната страна на интелигенцијата како што тоа го прави Финчер, притоа приоѓајќи им на модерен, интуитивен и што е најважно, забавен начин.

Што е тоа што ги одделува делата на Финчер од делата на неговите колеги?

Директорот за фотографија Џеф Кроненвет смета дека тоа е начинот на кој Финчер ја предизвикува публиката да ја испита сопствената ранливост.

Кроненвет првпат соработувал со Финчер во 1989 година како асистент на камера на спотот за песната на Мадона „Oh Father“, а потоа тие работеле заедно на филмовите „Боречки клуб“,„Социјална мрежа“, „Девојката со тетоважа на змеј“ и „Исчезната“.

– Тој ги става во прв план нашата ранливост и слабите точки, затоа сме принудени да ги апсорбираме на некој начин. Дури и ако потенцијално не ги сакаме – изјавил Кроненвет за „Би-би-си“.

Кроненвет објаснува дека на крајот од скоро секој филм на Финчер, на гледачот му останува прашањето дали тоа биле правилни или неправилни постапки, како и дали тој би се однесувал на ист начин како и ликовите во филмот.

– Ваквите прашања ја формираат основата на квалитетни дискусии и разговори, но исто така создаваат непријатност кај луѓето. Неговите филмови не се секогаш чисти, елегантни и фино спакувани  – објаснува Кроневет.

Репутацијата на Финчер како темна и мистериозна личност, базирана на неговите филмови, е во контраст со „неверојатно страствена и чувствителна личност“ која Кроненвет ја истакнува за свој голем пријател.

– Бидејќи тој избира теми кои предизвикуваат и предизвикуваат силни чувства кај луѓето, би било лесно да се нарече бездушна и темна личност без срце. Тој воопшто не е таков. Тој го гледа тоа и е свесен за тоа. Тој ја проучува човечката природа. Само оние кои не ги гледале неговите филмови можат да тврдат дека се ладни, без страст и хуманост. Ги проучува и ни ги претставува мрачните страни на човечката природа. Тоа е целата поента. Тој сака да ги проучи недостатоците што ги имаме сите  – вели Кроненвет.