Дејвид Бекам, наводно и забранил на Викторија да користи телефон, бидејќи сакал да ужива некое време без технологија со неговата сопруга, за да разговараат и да си покажат поголема наклонетост еден кон друг, пренесува „Мирор“.

Дејвид и Викторија неодамна биле на седумдневен одмор во Германија, без децата, каде што повторно се зближиле. Поранешниот фудбалер се надева дека почесто ќе имаат такви моменти.

Викторија отсекогаш сонувала да има вакво романтично патување само со својот сопруг и по две децении брак конечно ѝ се исполнила желбата. Викторија се пошегувала дека тоа е нејзината „ултимативна фантазија“.

Се покажало дека роматичното бегство бил одличен поттик за нивниот брак. Тие поминале квалитетно време заедно, далеку од децата и работата, за првпат после толку многу години. Парот ги оставил телефоните настрана, уживајќи во прошетките на изгрејсонце.