Дејвид Гета, еден од најголемите музичари и продуценти во историјата на електронската музика, е прогласен за најдобар диџеј во светот, од читателите на списанието „Диџеј маг“.
Највлијателната глобална листа на главни актери на електронската сцена ја формирале околу 1,3 милион гласови на читатели на „Диџеј маг“, кои всушност го вратија Дејвид Гета на првата позиција, односно на тронот. Ова е негово враќање по 2011 година, кога последен пат ја освои титулата.
– Ова е навистина неверојатно, мислам дека се чувствувам посреќно од првиот пат – изјави популарниот Французин, кој ги освојува радиолистите во последните месеци со хитот „Let’s Love“.
Песна што уште еднаш ја докажа одличната соработка со австралиската пејачка Сиа.
Главната топ-листа на „Диџеј маг“ носи 100 најзначајни и највлијателни диџеи и продуценти на електронската музика, а веднаш зад Гета на првите три места се најдоа Димитри Вегас, Лајк Мајк и Мартин Гарикс.