Анџелина Џоли за „Вог“

По многубројните критики што долго ги добиваше од обожавателите на сметка на нејзиниот изглед, Анџелина Џоли деновиве се појави во јавноста и доби многу комплименти, меѓу кои е и оној дека никогаш не изгледала подобро.
Всушност тоа беше нејзино прво појавување по објавата дека ја продала вредната слика на Винстон Черчил, што своевремено ѝ ја подарил Бред Пит и за неа добила 3,4 милиони долари. Папараците ја фотографирале заедно со пријателката Елен Помпео.
Во неодамнешното интервју за британскиот „Вог“, Анџелина им го покажала на читателите својот раскошен дом, но зборувала и за мајчинството. Притоа изјавила дека „не е традиционална мајка што седи дома со децата“, додавајќи дека сите ѝ помагаат да биде добра мајка.
Глумицата со бившиот сопруг Бред Пит ги има: синот Медокс (19), Пакс (17), Захра (16), Шило (14) и 12-годишните близнаци Вивиен и Нокс.
Анџелина вели дека токму тие ја излекувале и многу ѝ помогнале по неколкуте тешки години што сега се зад неа.