Дебел слој снег секоја година го покрва гратчето Оулу во Финска, а во дворот на училиштето „Метсокангас“ секогаш е преполно со уредно паркирани велосипеди, иако надвор температурата изнесува -17 степени Целзиусови.

Во училиштето учат 1.200 ученици, а од нив 1.000 доаѓаат со велосипед, дури и среде зима.

Околу 100 од 150 доаѓаат пеш, а останатите со скии, санка или автомобил. Во ова училиште учат деца на возраст од 7 до 17 години.

Пека Такола е инженер за урбана добросостојба во „Навико Лтд.“ и координатор за велосипедизам во градот Оулу. Тој организира мастер класи за зимски велосипедизам и тури за паметна мобилност.

– Имаме одлична инфраструктура и редовно одржување – велосипедските и пешачките патеки се добро обележани и се одржуваат, па на нивните корисници не им е потребна специјална опрема за да се движат по нив. Многу често е поблиску и побрзо да стигнете некаде со велосипед или пеш отколку со автомобил. Меѓутоа, и тука се соочуваме со родители кои сакаат да ги носат децата до училиште со автомобил – вели Такола.

Иако повеќето родители кај нас не би дозволиле нивните деца да возат велосипеди на -17 степени, во Финска тоа е сосема нормално и здраво.