„Дете сонува“ е вториот сингл на Саше Љолес, на кој гостува и Тони Зен. Песната се снимаше во студиото „Кnobs, keys ‘n stuff“ на Бојан Филиповски, кој го работеше миксот и мастерингот.

Музиката е на Владимир Чадиковски и Саше Љолес. Текстот го напишаа Саше Љолес и Тони Зен, а во аранжманот учествуваа и Мартин Јосифовски и Александар Џигер Ванчовски.

– Со Тони Зен неодамна разговаравме за заедничка песна, и сега конечно замислата се реализираше потполно. Пред неколку години и јас гостував на неговиот албум „Микроскопски организам“, каде што ја отпеавме песната „Заедно“ – вели Љолес.

Видеото го сработи продукцијата „Мелем“, во режија на Огнен Шапковски, директори на фотографија се Кристијан Теодоров и Александар Ивановски, пост-продукција е на Иван Куртевски.

– Голема благодарност до Стефан Дамјаноски, Бранислав Илијевски и екипата од сценографија – Свире, Андреј и Чоле. Сите овие луѓе се заслужни за реализација на песната и видеото, кои наидуваат на позитивни критики од јавноста. Видеото содржи приказна за млад човек во раните тинејџерски години и веќе пораснат, возрасен човек којшто допрва се соочува со предизвиците што ги носи животот, особено во општество како нашето. Предизвици и бариери коишто како мал не ни помислувал дека може дс постојат, а веќе како возрасен човек ги чуствува на своја кожа. Поентата и пораката на песната е”никогаш не престанувајте да сонувате, колку и да ви изгледа сонот далечен и невозможен, со вистински чекори и искрени намери и пријателства, секој може да ја достигне целта, што и да подразбира таа – додава Љолес.

Придружните вокали во песната ги отпеа Светлана Јовановска, а како актери во видеозаписот се јавуваат Томе Станковски и Михаил Тасевски.