1. Дружење со пријателите
Кога времето е топло, подготвени сме за настани под отворено небо. Колку е убаво да се отиде на викенд со пријателите и да се ужива во скарата, но и во залезот на сонцето.

2. Можеме да носиме тенка облека и да одиме боси
Во лето, во најтемниот дел на плакарот се топлите џемпери и волнената облека. На крајот на сцената настапуваат лесните фустани, памучните кошули и сандалите во различни бои.

3. На пазарите има многу витамини
Колку е убаво во лето да се шета околу преполните тезги на пазарите, а пирамидите од овошје се насекаде околу вас – малини, праски, кајсии, дињи и секако, сочната лубеница.

4. Цвеќиња насекаде околу вас
Нема ништо поубаво од правење букети, а потоа нивно распоредување насекаде низ домот. Цвеќето во лето не е скапо, а е најдекоративно. Се разбира, тука се и цветните тераси и балкони, убавите паркови и шеталишта.

5. Градот не е толку полн, но е волшебен
Дали е можно на улиците да нема сообраќајни мешаници, во автобусите да се најде место за седење и да не морате да се туркате кога поминувате низ центарот на градот. Каде се сите луѓе? Па секако – на одмор! Затоа доживејте го својот град на еден поинаков начин во лето, посетете места на кои не сте биле, направете фотографии и испратете им ги на пријателите.

6. Деновите се подолги од ноќите
Во лето, кога си одите од работа сѐ уште е ден, па можете да си дозволите прошетка, дружење со пријателите, возење велосипед во паркот, трчање покрај кејот… Сонцето ќе ви биде придружник до доцна навечер, а вие ќе се чувствувате полни со енергија.

7. Пиење коктели во летна, разладена бавча
Добро познатите улици летно време добиваат сосема нов изглед. Дури и на мало парче тротоар, се појавуваат маси и столови. Можете да седнете и да се одморите под шарениот чадор за сонце, полека да го дегустирате студениот коктел и да уживате во вкусот и мирисот на летото. Да ви биде уште попријатно речиси сите летни бавчи во градот имаат дополнителни системи за разладување.

8. Учениците и студентите се на распуст
Секоја година учениците и студентите со нетрпение го чекаат летото. Добивањето на свидетелствата и полагањето на последните испити се знак дека е блиску заслужениот летен распуст. На крајот на учебната година, сите родители чувствуваат олеснување и неколку месеци се ослободени од обврските околу приготвувањето сендвичи, будењето, проверките на домашните задачи и неизвесноста околу тестовите, оценките и положените испити и колоквиуми.

9. Нашите срца чукаат побрзо
Туристичките патувања се погодни за запознавање со нови места и луѓе. Незаборавни се доживувањата во некое летувалиште на езеро или на море, или пак околу логорски оган на планина. Тогаш, освен од огнот се раѓаат и искри на летните љубови, кои ќе ве натераат да се чувствувате како вљубен тинејџер, иако сте двојно постари на светот да гледате низ розови очила.

10. Кожата и косата добиваат убава нијанса
Сѐ што е потребно е првите потопли денови да ги искористите за сончање за да добиете потемен тен, кој изгледа здраво и секси. Во лето нешто магично се случува и со косата, која има убав сјај. Секако, убавиот изглед ве прави посигурни и позадоволни, а тоа не може да остане незабележано.