Уште во минатиот век, еден филм и еден режисер покажаа и докажаа дека малиот буџет не е секогаш мерило на квалитет и на успех. „Психо“ е снимен како нискобуџетен филм, но Алфред Хичкок го збогати за 15 милиони долари (денес оваа сума е еквивалентна на 150 милиони долари) и во историјата на филмот е запишан како негов филм со најголема заработка.
Но секако, „Психо“ не е единствен пример, а неодамна порталот „Брит сајд“ направи список на филмови што го докажуваат ова тврдење.

1. „Ритам на лудило“ од 2014 г.
Буџет – 3 милиони долари, заработка – 48 милиони долари.

2. „Бегај“ од 2017 г.
Буџет – 4,5 милиони долари, заработка – 255 милиони долари.

3. „Милионер од предградието“ од 2008 г.
Буџет – 15 милиони долари, заработка – 141 милион долари.

4. „Мојата голема мрсна православна свадба“ од 2002 г.
Буџет – 5 милиони долари, заработка – 368 милиони долари.

5. „Паранормално“ од 2007 г.
Буџет – 15 милиони долари, заработка – 193 милиони долари.

6. „Изгубени во преводот“ од 2003 година.
Буџет – 4 милиони долари, заработка – 120 милиони долари.

7. „Добриот Вил Хантинг“ од 1997 г.
Буџет – 10 милиони долари, заработка – 226 милиони долари.

8. „Малечката мис Америка“ од 2006 г.
Буџет – 8 милиони долари, заработка – 100 милиони долари.

9. „Прочистување“ од 2013 г.
Буџет – 3 милиони долари, заработка – 89 милиони долари.

10. „Не диши“ од 2016 г.
Буџет – 9,9 милиони долари, заработка – 152 милиони долари.