Иако годинава е сиромашна со филмови, сепак филмските критичари направија листа од најпопуларните филмови. Во прилог наслови од најгледаните филмови.

„Спутник“ – имдб-оценка: 6,3
Хорор, научна фантастика
Режија: Егор Абраменко
Актери: Оксана Акиншина, Федор Бондарчук, Пјотр Фјордов
Содржина: осамен преживеан од мистериозен инцидент на вселенски брод не се враќа дома сам, во неговото тело се крие опасно суштество.

„Грејхаунд“ – имдб-оценка: 7
Драма, воен
Режија: Арон Шнајдер
Актери: Елизабет Шу, Том Хенкс, Штефан Грахам
Содржина: командантот на морнарицата командува со Грејхаунд за време на Втората светска војна.

„Стара гарда“
– имдб-оценка: 6,7
Акција, фантазија, суперхерои
Режија: Џина Принц-Бајтвуд
Актери: Чарлиз Терон, Чивител Иофор, Хери Мелинг
Содржина: прикриен тим бесмртни платеници одеднаш се разоткриени и треба да се борат да го чуваат својот идентитет во тајност, токму во моментот кога неочекувано е откриен нов член.

„Палм Спринг“
– имдб-оценка: 7,4
Комедија, романтика
Режија: Макс Барбаков
Актери: Анди Семберг, Кристин Мајлиоти, Џ.К. Сајмонс
Содржина: кога безгрижниот Најлс и кумата Сара се среќаваат на една свадба во Палм Спрингс, работите се комплицираат бидејќи не се во можност да избегаат од настанот, самите од себе или еден од друг.

„Бескрајна ноќ“
– имдб-оценка: 6,7
Драма, мистерија, научна фантастика
Режија: Ендру Петерсон
Актери: Сиера Мкормик, Џејк Хоровитс, Геил Кронауер
Содржина: кон крајот на 1950-тите, една судбоносна ноќ во Ново Мексико, младиот оператор на разводната табла Фај и харизматичниот радиодиџеј Еверет откриваат необична звучна фреквенција што може засекогаш да ги промени нивниот мал град и иднината.

„Кралот од островот
Статен“ – имдб-оценка: 7,1
Драма, комедија
Режија: Џуд Апатов
Актери: Пит Давидсон, Бел Поули, Рики Велез
Содржина: Скот остана заробен во развојот откако почина неговиот татко, пожарникар. Тој ги поминува деновите пушејќи марихуана и фантазирајќи да стане уметник за тетовирање сѐ додека настаните не го принудат да се соочи со својата тага и да го промени животот.

„Ложа“ – имдб-оценка: 6
Драма, хорор, трилер
Режија: Северин Фиала, Вероника Франц
Актери: Рилеи Киуг, Џејден Мартел, Лиа Мекхју
Содржина: наскоро ќе стане маќеа и е окована во снегот со двете деца на нејзиниот свршеник во едно затскриено одморалиште. Веднаш штом односот помеѓу тројката ќе почне да се подобрува, се случуваат некои чудни и застрашувачки настани.

„1БР“ – имдб-оценка: 5,8
Драма, хорор
Режија: Дејвид Мармор
Актери: Наоми Гросман, Џилс Метју, Ален Блуменфилд
Содржина: Сара се обидува да започне одново во Лос Анџелес, но нејзините соседи не се такви како што се претставуваат.

„Извлекување“
– имдб-оценка: 6,7
Драма, акција
Режија: Сем Харгрејв
Актери: Крис Хемсворт, Дејвид Хербур
Содржина: Тајлер Рејк, платеник на црниот пазар, е ангажиран да го спаси киднапираниот син на меѓународниот лорд на криминалот.

„Морска треска“
– имдб-оценка: 5,7
Хорор, научна фантастика
Режија: Неаса Хардимен
Актери: Кони Нилсен,
Хармони Корфилд, Дугреј Скот
Содржина: екипажот на бродот „Западна Ирска“, заглавен во морето, се бори за живот против растечкиот паразит во нивната вода за пиење.