Јубилејното, десетто издание на фестивалот „Здраво, млади“ е закажано за 27 август, во паркот на Младинскиот културен центар во Скопје.
– Поминавме девет лета заедно, слушајќи ги најактуелните имиња на прогресивната музичка сцена, а за ова десетто издание на „Здраво, млади“ досега ги најавивме данските легенди на индирок-сцената „Ефтеркланг“, свежата психоделија од Истанбул „Лалалар“, неверојатните „Виагра бојс“ од Шведска, британското постпанк-трио „Шопинг“ и домашните „Фанк Шуи“- велат организаторите на фестивалот.
„Здраво, млади“ ќе биде реализиран со строго почитување на протоколот за организација на настани. Фестивалот е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Скопје.