Британскиот режисер оскаровец Дени Бојл („Милионер од предградието“, „Транспорт“) треба да режира и продуцира ТВ-серија за панк-иконите од 1970-тите, „Секс пистолс“.
„Пистолс“ е базирана на мемоарите „Лонли бој“ на гитаристот Стив Џонс, а во неа ќе глумат Ансон Бун (во улога на Џон Лидон) и Луис Партриџ (Енола Холмс) како Сид Вишус.
Sвездата од „Игра на тронови“, Мејси Вилијамс, исто така, ќе ја игра Памела Рук, алијас Џордан, која беше една од најзаслужните за создавањето на панк-изгледот на членовите на култната група.
Снимањето треба да почне во март, за американската ТВ-мрежа Еф-икс (FX), a предвидено е мини-серијата да има шест епизоди.