12 март 1945 година

Еврејката Ана Франк, која водеше дневник за својот живот, почина на 15-годишна возраст во нацистичкиот концентрационен логор во Берген-Белсен, само еден месец пред да биде ослободен од британските трупи.

1894 г.: Првото шише со „кока-кола“, кое првенствено беше промовирано како лек за нервите и мозокот, беше пуштено во продажба.

1930 г.: Махатма Ганди започна протестен марш во Индија долг 300 милји против воведувањето на данокот за сол од страна на Велика Британија.

2000 г.: Конзервативната народна партија на премиерот Хосе Мариа Азнар победи на изборите во Шпанија.

2005 г.: Претседателот на Сирија, Башар ал Асад, се согласи да се повлечат сите сириски трупи од Либан.