Холивудската глумица Деми Мур (58) се појави на неодамнешната модна недела во Париз и ги вџаси гледачите. Веднаш се појавија голем број шпекулации дека направила пластична операција, чиј резултат не е баш успешен. Актерката беше речиси непрепознатлива кога им се придружи на моделите на модната писта во средата кога беше презентирана колекцијата пролет-лето 2021 на италијанската модна куќа „Фенди“. По ревијата, Деми остави многу корисници на социјалните мрежи да се прашуваат дали нејзината трансформација е резултат на хируршко затегнување на кожата или на ужасна шминка.
Неколку минути по појавувањето на Деми на модната писта во креација од црн сатен, Твитер беше преплавен со прашања од збунетите корисници за новиот изглед на sвездата на „Стриптиз“.
„Не би помислил дека ова е Деми Мур ако не го видев насловот“, напиша еден корисник како реакција на веста за изненадувачкиот изглед на актерката. „Дали е ова резултат на лоши филери? Или можеби ѝ ставиле ужасна шминка?“
Други корисници твитнаа: „Деми Мур, доста е од пластични операции! Ова е срамота! Жените треба да стареат достоинствено“.