Интернетот и медиумите треба да ги зајакнат напорите против ширењето дезинформации во Велика Британија за време на пандемијата на коронавирусот, објави британската независна организација за проверка на факти „Фул факт“.
– Дезинформациите уништуваат животи. Овде во Британија тие дезинформации доаѓаат во форма на лажни лекови, лажни тврдења, теории на заговор и финансиска измама – вели извршниот директор Вил Мој.

„Твитер“, „Фејсбук“ и „Гугл“ најавија дека ќе промовираат веродостојни информации за пандемијата и ќе ги зајакнат напорите за сузбивање на лажните вести.
Според шефицата за јавната политика на Твитер, Кети Миншел, социјалната мрежа открила 3,4 милиони кориснички сметки за кои се чини дека се вклучиле во манипулативни и сомнителни дискусии за ковид-19.

– Целата наша компанија е фокусирана на борбата против дезинформациите на нашите услуги – истакна Миншел.
Менаџерот за јавна политика на Фејсбук, Ричард Ерли, пак, вели дека компанијата разбира дека некои видови дезинформации можат да направат голема штета. Затоа, оваа социјална мрежа ги ажурира постојните политики против штетната содржина.