Џејмс Лустед (33) и сопругата Клое (27) се посебна двојка. Девојката е висока 162, а тој 109 сантиметри и влегоа во Гинисовата книга на рекорди, бидејќи разликата во нивната висина е 53 сантиметри.
Се запознале преку заеднички пријатели, а Џејмс се сомневал дека тие двајца некогаш ќе бидат заедно, а камоли во брак. Меѓутоа, со текот на времето сѐ повеќе се дружеле и се зближувале. Клое се вљубила во него и тој во неа и во 2016 година се венчале. По извесно време добиле ќеркичка, на која ѝ го дале името Оливија, објави „Дејли мејл“.
Џејмс инаку е телевизиски презентер и глумец, а семејството живее во Северен Велс, Велика Британија.