Годинава постхумно ќе бидат издадени две нови ЕП-плочи на Дејвид Боуви, на кои ќе се најдат необјавени верзии на неговите песни.
Првата нумера од неговата плоча „Is It Any Wonder“ е „The Man Who Sold The World“ и беше објавена во средата, на роденденот на познатиот светски музичар.
Албумот „The Changes NowBowie live session“, снимен во 1996 година, во текот на пробите за неговиот концерт во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк, по повод 50-от роденден на Боуви, ќе биде објавен нешто подоцна оваа година.

Инаку, неговиот роденден беше одбележан со специјално ѕвонење на ѕвоната на црква во Амстердам, кое звучеше како неговата песна „Life On Mars“, како и со изложба на досега необјавени фотографии во Националниот вселенски центар во Лечестер.

И двете ЕП-плочи, кои се дел се од постхумната едиција посетена на големата ѕвезда, ги објавува „Перлофон рекордс“.
Набргу по смртта на Дејвид Боуви на 10 јануари 2016 година, продажбата на неговите албуми во САД се зголеми за 5.000 отсто, поточно во неделата кога почина беа продадени 682.000 носачи на звук.