Познатиот актер Двејн Џонсон закрепна од коронавирусот и веднаш им се посвети на филмските обврски. Имено, според пишувањата на странските медиуми, актерот веќе работи на својот нов филм „Црвено известување“, кој е проект на „Нетфликс“.
– Снимањето започна на 14 септември – рече извршниот директор на филмот Хирам Гарсија.
Тој објасни дека половина од филмот е завршен пред да се појави пандемијата, по што снимањето беше прекинато. Филмот треба да се финализира околу ноември, пишува „Дејли меил“. Постојат неколку протоколи што мора да се поминат за да се осигури дека актерската екипа е безбедна.
– Целиот пристап е различен и единствен, од секојдневно тестирање до проверка на температурата. Имаме различни ограничувања на сетовите – објасни извршниот директор.
Тој додаде дека никој не испаничил кога дознал дека Двејн е болен.
– На сите им беше најважно тој и неговото семејство да бидат добри, а кога дознавме дека се чувствуваат добро знаевме дека другото лесно ќе го решиме – вели Гарсија.
Покрај Џонсон, во филмот ќе се појават и актерите Гал Гадот, Рајан Рејнолдс, Риту Ајра и други.