Легендарниот Жељко Бебек со својот бенд ќе одржи два концерта во Скопје, во Македонската филхармонија, на 28 и 29 март. Публиката во живо ќе ги слушне безвременските хитови: „Сањао сам ночас да те немам“, „Све ќе то, о мила моја, прекрити рузмарин, снјегови и шаш“, „Селма“, „Има нека тајна веза“, „Доживјети стоту“, „Опрости ми што те волим“, „Лаку ноќ свирачи“, па до актуелните песни од последниот албум на Бебек „Оно нешто наше“, како „Ако волиш ову жену“, „Љубав ко из пјесме“ и други, со кои ги наполни буквално сите концертни сали во регионов.
Во најголемата група на Балканот на сите времиња „Бијело дугме“ поминаа уште двајца пејачи, ама покрај Горан Бреговиќ, посебен белег на бендот со дури шест албуми даде токму Жељко Бебек, неприкосновен вокал, кој ги отпеа најголемите песни на бендот, а и по „Бијело дугме“ успеа да направи многу респектабилна соло-кариера.

Во Македонската филхармонија сето ова ќе биде споено во едно.
Иако дејствува неверојатно за толку голем пејач, ова е првпат во неговата кариера Жељко Бебек заедно со својот бенд да настапи соло во Скопје.