Двајца астронаути од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) следната година ќе заминат на Меѓународната вселенска станица, соопшти шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум.

Хаза ал Мансури и Султан ал Најади се првите астронаути од Персискиот Залив, кои ќе бидат дел од Меѓународната вселенска станица.

Властите на оваа арапска земја имаат големи амбиции во однос на вселенската програма, која се уште е во зачеток.

ОАЕ во октомври од Јапонија планираат да го лансираат првиот сопствен сателит „Калифасат“, а воедно најавуваат дека ќе учествуваат во колонизацијата на Марс.