Данска ќе гради нов остров блиску пристаништето во Копенхаген за да го реши проблемот со пренаселеноста, најави денеска данскиот премиер Ларс Локе Расмунсен.

Островот би можело да биде изграден до 2070 година и на него би живееле 35.000 жители.

Данскиот премиер уште додаде дека изградбата на островот би го штитело градот од растечкото ниво на морето.

Проектот ќе чини 3,1 милијарди долари, вклучително изградба на метро и тунели, а ќе го градат неколку компании од Копенхаген и Данска.