Според анкетата на порталот Лед бајбл“, глумецот Даниел Крег е прогласен за најдобриот Џејмс Бонд досега. Крег во анкетата се бореше со сите легендарни актери што биле во улогата на најпознатиот таен агент на светот 007, но на крајот над 18.000 гласачи во анкетата го избраа токму него.
Крег ја победи конкуренцијата освојувајќи 51 процент од гласовите, оставајќи ги Шон Конери (23,9 проценти), Пирс Броснан (16,6 проценти) и Роџер Мур (8,5 проценти) на второто место. Во претходните фази на гласање, Тимоти Далтон брзо испадна со 3,7 проценти од гласовите, а австралискиот актер Џорџ Лазенбај со само 1,5 процент. Како што се очекуваше, и покрај транспарентните резултати, обожавателите се пожалија во коментарите.
„Крег не е дораснат на чизмите на Броснан. Конери, сепак, е едноставно најдобриот Бонд“, напиша еден обожавател.
Патем, Даниел Крег досега четири пати го играше агентот 007, а премиерата на најновиот филм за Џејмс Бонд е одложена за ноември.