Елвис Присли Јуниор со години тврди дека тој е син на Елвис Присли, но не е изведен ДНК-тест кој може да покаже дали тој е полубрат на Лиза Мари, која останува единственото признаено дете на „кралот на рокенролот“, пренесува „Експрес“.

Елвис Присли помладиот на својата веб-страница тврди дека тој е син на починатиот Елвис Присли, роден вонбрачно, непознат на Елвис, на 24 декември 1961 година во Гери, Индијана, како резултат на врската помеѓу Елвис Присли и Анџелик Делорес Петиџон, млада актерка која заедно со Елвис работела на снимањето на филмот „Сините Хаваи“.

– За тоа време, Елвис беше во екот на својата слава и беше познат во целиот свет како крал на рокенролот“ Менаџерот на Елвис, полковникот Том Паркер, се плашел дека бракот со Анџелик, како и неговото претстојно татковство, сериозно ќе му наштети на угледот на кралот, како и на неговото богатство и слава. Бил извршен голем притисок врз актерката да абортира. Анџелик се согласила да се породи во тајност, со што е спречен скандал во Холивуд. Пејачот, чие име било Филип Станик, тврди дека бил посвоен од семејство кое работело во циркус, слично како полковникот Том Паркер, и започнал да настапува како кловн од петгодишна возраст.

Станик тврди кога наполнил 21 година му било кажано за билошките родители и посвојувањето, по што се обидел да го смени името во Елвис Присли помладиот.

– Кога Филип наполни 21 година, беше донесена е тешка одлука да му кажаме на младиот човек дека е посвоен и дека неговиот татко е Елвис Присли. После многу страдање, Филип сфати дека сака неговиот вистински идентитет да му биде признаен. Тој побара и на 21 јануари 1985 година му беше доделено законско право да го носи името Елвис Арон Присли Јуниор според Федералниот судски систем на САД – се наведува на веб-страницата.