Една жена сосема случајно наиде на предизвик што се очекува дека почесто ќе се практикува во 2021 година. Сара Робинс-Кол целосно го оправда купувањето на еден црн фустан. Го носеше насекаде – на работа, дома, на планинарење, дури и за празници, сто дена едноподруго. Toa толку многу ѝ се допадна што реши да престане да купува нова облека. Го почна предизвикот во септември 2020 година, во обид да живее без т.н. брза мода, која е втор најголем загадувач на светот.
– На мое изненадување, носењето ист фустан сто дена едноподруго не ми одзеде ништо од животот. Наместо тоа, ме инспирира да одам чекор подалеку и да не купувам нова облека или додатоци од 1 јануари 2021 година и 1 јануари 2022 година. Сфатив дека на моја возраст имам облека за секоја пригода, дури и ако ми треба нешто посебно, имам облека што ми собира прашина во плакарот од 1992 година – вели 52-годишната Сара.
Таа беше една од 250 жени што прифатија стодневен предизвик под водство на една дизајнерска куќа. Предизвикот е инициран да им докаже на учесниците дека носењето само една облека од ден на ден ги менува навиките на потрошувачите, ги намалува алиштата и на крајот ја спасува нашата планета. На учесниците им беше дозволено да го перат и сушат фустанот прекуноќ, но кога се будни, се очекуваше да го носат. Сите оние што го завршија предизвикот добија ваучер од 650 американски долари за да купат нова облека. Сара ги објави сите сто различни комбинации со фустанот на својот инстаграм-профил.
– Поради предизвикот, почнав да размислувам колку облека завршува во отпад, колку вода се користи за правење памук и дека не знаеме дали облеката што ја купуваме е етички изработена – истакна Сара.