Младиот пејач Давид Темелков, кој веќе неколку години гради музичка кариера во Хрватска, деновиве ги искористи за снимање нова песна. Станува збор за „Огледало“, која има брз ритам и е нешто различно од она што досега сме го слушнале од него, а истовремено беше претставена низ целиот Балкан.
– Мило ми е што по издавањето на мојот албумот првенец „Дишам за нас“, можам да ви подарам нешто ново од мене, нешто поинакво, нешто што долго се подготвуваше и во ситуацијава во која се наоѓаме сите внесе ведрина и оптимизам. По успешната соработка во 2015 година, со песната „Беше сé“, со која ѝ се претставив на балканската публика, хрватскиот композитор Миро Буљан повторно го става својот потпис и ја потпишува музиката на песната „Огледало“, а го направи и аранжманот и се јавува како продуцент, а вештата рака на Соња Буљан ја преточи нашата соработка во текст. Препевот на македонски и овој пат го направив јас – вели Темелков.
Тој неодамна го промовира и сопствениот музички канал на Јутјуб.