Повеќе од две децении од нејзината смрт, принцезата Дијана сѐ уште важи за вистинска икона на стилот, со истата доза елеганција во слободното време, како и во официјалниот кралски гламур. Омилената леди Ди продолжува да биде синоним за неколку внимателно избрани модни додатоци – вклучувајќи ја и нејзината омилена чанта „гучи“ со рачки од бамбус, која оваа недела беше повторно пласирана.
Креативниот директор на „Гучи“, Алесандро Микеле, надгледуваше голем број заживувања на некои од потписите на куќата. Неговата неодамнешна колекција „Омилени парчиња од ‘Гучи’“, ги вклучува „џеки 1961“ (преименувана во чест на Џеки Кенеди, која честопати ја носеше својата чанта „Г1244“, како и класичната чанта што ѝ беше омилена на принцезата Дијана во 1990-тите.