Тркачкиот гулаб Њу Ким, женка од белгиско легло, беше продаден на аукција за рекордни 1,9 милиони долари, пренесува „Асошиетед Прес“. Курт фан де Воувер, чие семејство го одгледало гулабот, за „Асошиетед Прес“ изјавил дека сите се шокирале од веста.

Досегашниот рекорд го држеше четиригодишниот мажјак Армандо, исто така од белгиско легло, кој лани во март бил продаден за 1.494.000 долари.

Њу Ким победила на голем број натпреварувања во 2018 година, но во меѓувреме била пензионирана. Како и Армандо, и Њу Ким била купена со наддавање помеѓу две лица од Кина, каде што трките со гулаби станаа многу популарни во изминатите години.

Истиот богат кКнез сега ги има мажјакот Армандо и женката Њу Ким, тркачките гулаби од белгиско легло.

Одгледувањето гулаби е многу популарно во Белгија, каде што со ова се занимаваат 20.000 луѓе.