Доцна поладнево познатата светска музичка група „Њујорк Џипси Ол Старс“ од Њујорк, во која свири светски познатиот битолски и македонски кларинетист Исмаил Лумановски – Смајко, го потврди учеството на битолското културно лето „Бит фест 2018“.

По потврдувањето на учеството на “Бит Фест“ организаторот на концертот, локалното битолско Радио Б -97  ги резервира авиобилетите за концертот Њујорк-Истанбул-Скопје и назад.

Популарниот Смајко со својата интернацонална група “Њујорк Џипси Ол Старс“, во која свират музичари од Америка, Грција, Турција, Австралија, Порторико својот концерт ќе го одржи на 16 август, на Хераклеја. а според договорот тој ќе пристигне неколку дена претходно во Битола.

Заедно со Смајко на концертот ќе настапи и групата Љубојна.

Ова е прв пат Исмаил Лумановски – Смајко, кој годинава беше добитник на највисокото признание на Битолски весник „Ајри Демировски“ да настапува со својот оркестар на Хераклеја.

За време на својот  престој во Македонија, организаторот на турнејата Радио Б-97 Битола преговара да организира настапи на Њујорк Џипси Ол Старс  и Смајко и во некои други градови во Македонија.

М.М.