Шведската активистка за климатски промени Грета Тунберг и добитничката на Нобеловата награда за мир Малала Јусафзаи се сретнаа вчера на Универзитетот Оксфорд во Велика Британија за да разговараат за нивниот активизам и да им пренесат важни пораки на студентите.

Тунберг дојде во посета на Јусафзаи, која студира филозофија, политика и економија на Оксфорд.

– Денеска се запознав со мојот идол. Што друго можам да кажам – објави 17-годишната Швеѓанка на социјалните мрежи.

Двете се стекнаа со светска слава со залагање за големи глобални проблеми: климатската криза и образованието на жените.