Неправедно запоставени места

Кога ќе помислите на најубавите градови во Европа, сигурно први на памет ви паѓаат Париз, Рим, Венеција, Прага. Овие градови се навистина прекрасни, но на Стариот Континент се кријат и градови што не се толку познати, а еднакво се воодушевувачки. Во продолжение ви претставуваме некои од нив…

Карлови Вари, Чешка

Карловскиот крај е втор најмал регион во Чешка. Исполнет е со природни убави и дворци, а најмногу е познат по своите термални и ладни минерални извори. Карлови Вари е најпознатиот бањски град на Земјата што ги лекува посетителите веќе 650 години.

Рига, Летонија

Престолнината на Летонија е најголемиот град на Балтикот. Претставува прекрасен спој на шармантната стара Европа и модерната иновација. Стариот град е исклучително фотогеничен, мешавина од градби и калдрми, без сообраќај. Убавината на Рига продолжува и надвор од стариот град. Квартот Рардаугава е преполн со живописни дрвени куќички.

Сент Антонан Нобл Вал, Франција

Ако барате вистинско француско гратче од внатрешноста, тогаш тоа е Сент Антонан Нобл Вал. Овој преубав град е прикажан и во неколку филма, а се наоѓа на реката Аверон. Центарот на градот некогаш бил дом на најбогатите жители. Во средновековните времиња градот бил едно од најсигурните места за живот.

Вербје, Швајцарија

Вербје е полно со фантастични и возбудливи места што се сјајна можност за фотографирање. Од нестварно убавите и зелени швајцарски Алпи до цветните аранжмани низ целото село и прочуените швајцарски крави што пасат опкружени во филмски пејзажи. Во зима се претвора во врвен скијачки центар, но според многумина, сепак е најубав во текот на летото, особено изгрејсонцето од Монт Форт.

Грац, Австрија

Заборавете на момент на Виена. Преубавиот Грац е втор по големина град во Австрија, а за многумина и пошармантен од својот „постар брат“. Целосно е јасно зошто Грац е прогласен за светско наследство од УНЕСКО во 1999 година. Со возење од 10 до 15 минути ве дели од неколку фантастични места што треба да се посетат и фотографираат.

Сантијаго де Компостела, Шпанија

Со векови, илјадници аџии секоја година поминуваат низ Сент Џејмс, конечно стигнувајќи до главниот град на Галиција. Тие го завршуваат својот аџилак во катедралата „Сент Џејмс“. Сантијаго де Компостела е исклучително жив град, со голем број атракции за посетителите. Постојат безброј ресторани и барови каде што можете да уживате во вкусната морска храна од Галиција, стариот град што се наоѓа на списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Баден-Баден, Германија

Овој шармантен град, стар 2.000 години, лежи во подножјето на шумата со интригантно име – Шварцвалд или во превод црна шума. Баден-Баден се наоѓа на одлична локација за обиколка на регионот, покрај сето она што самиот град може да го понуди. Од одлични спа-центри, одлични можности за шопинг до познатата луксузна палата со казино каде што ноќите ги поминувал и Фјодор Достоевски.

Сан Марино

Сан Марино е најстарата република во светот што никој досега не ја окупирал. Оваа мала земја зафаќа само 61 квадратен километар. Сместена е на врвот на еден рид со поглед на голем број италијански села. Иако се наоѓа во Италија, таа е посебна република. Само 30.000 луѓе живеат во Сан Марино. Покрај тоа, тие имаат своја полиција и училишта и не припаѓаат во Европската Унија.

Равена, Италија

Ако одите кон Сан Марино, застанете до Равена, која е оддалечена околу 170 километри од најстарата република во светот. Равена е позната како важен историски центар за време на Западното Римско Царство и раната Византија.
Поради закана од напад на Визигот, во 402 година, царскиот двор на западната империја е преместен од Милано во Равена, а во 493 година, кога остроготскиот крал Теодорик Велики ја презел власта над Италија, исто така ја користел Равена како главен град.