За првпат од 80-тите години на минатиот век, грамофонските плочи се продаваат повеќе од музички ЦД-а, стои во извештајот на здружението на музичка индустрија во Америка, кој се однесува на состојбата на првата половина годинава, пренесуваат американските медиуми.

Продажбата на грамофонски плочи се зголемила за четири отсто во споредба со првата половина на 2019 година, односно за 232 милиони американски долари. Тоа претставува 62 проценти од приходот во текот на првите шест месеци од годинава, но само четири проценти од вкупниот приход од снимената музика.

Вкупната продажба паднала на 376 милиони долари. Тоа е пад од 23 проценти споредбено со минатата година. Причините за таквата состојба се должат бидејќи луѓето не ги посетуваат музичките продавници, а музичарите не одржуваат концерти (и не продаваат ЦД-а на истите) и што милиони луѓе ги губат своите работни места, а буџетите за забава се намалени среде пандемијата. Поради сите тие причини постои зголемена промена на стримингот.

Не треба да изненадува што претплатите во стриминг се зголемуваат. „Спотифај“, на пример, има зголемување од 12 милиони претплатници на „Премиум“ во текот на првите шест месеци од годинава, за на глобално ниво достигнат вкупно 138 милиони. Претплатниците за стриминг само во САД се зголемија за 24 проценти во споредба со првата половина на 2019 година, и сега има на повеќе од 72 милиони корисници. Вкупните приходи од стриминг се зголемиле за 12 отсто од претходната година и сега достигнале 4,8 милијарди долари.

Извештајот открива дека стримингот претставува 85 отсто од приходите од музика во првите шест месеци од годинава, во однос на 79-те отсто биле во 2019 година.