Во пустината наречена Блек Рок, во западниот дел на САД, недалеку од границата со Калифорнија, секое лето никнува т.н. Блек Рок Сити, некои го нарекуваат град, иако всушност станува збор за фестивал. Неговите корени датираат од 1986 година кога двајца пријатели во Сан Франциско направиле дрвена конструкција на човек, висок два метри, и го запалиле. Оваа атракција ги привлече околните минувачи, па, соодветно, беше означен почетокот на еден голем проект.
Само неколку години подоцна, овој проект, наречен „Брнинг-мен“, се насели во пустината Невада. Иако повеќето луѓе ќе го опишат како фестивал, организаторите сакаат да нагласат дека тоа е повеќе од фестивал. Ова е спектакл насочен кон заедницата, уметноста, „радикалното самоизразување“, одговорноста и етиката за време на вашиот престој во природа.
Гигантски инсталации, украсени велосипеди, телефонски штандови на кои пишува „Зборувај со Господ“, електронска музика, неонски украси, кои сигнализираат „сообраќај“ во пустинската прашина, илјадници посетители во инспиративни модни креации, се само некои од сцените што можете да ги видите на овој фестивал. Фестивалот стана толку популарен што можеби веќе сте го виделе, можеби без да го знаете тоа – тој беше прикажан во „Саут Парк“, „Симпсонови“, „Малком на средина“…