Македонската Националната галерија ги поканува децата од целиот свет да учествуваат во новиот ликовен онлајн проект насловен „Го сакам мојот роден крај“. Во проектот можат да учествуваат сите деца што живеат во некоја
странска земја, кои не се со постојан престој во Македонија и кои оваа година не се во можност да ни дојдат во посета.

– Проектот ќе биде отворен во текот на целото лето за деца на возраст од 4 до 17 год. Темата и мотивот на ликовниот конкурс треба да бидат врзани за сето она што ја обележува нашата држава, нејзината култура и традиција. На конкурсот може да се достават секаков вид уметнички дела, нема ограничување во поглед на креативните техники. Со помош на дигиталните медиуми ќе може да се испраќаат креации и пораки за сето она што ги врзува младите од дијаспората со родниот крај.

На свој ликовен јазик тие ќе можат да го покажат богатото минато на своите предци, зголемувајќи го националното чувство и сплотувајќи многу деца од сите страни на светот со заеднички корен – велат од Националната галерија.