Жител на Њу Џерси, додека ручал со својот пријател во ресторан за морска храна, во својот ручек пронашол бисер, јавуваат американските медиуми.

Рик Антош(66) во своето јадење пронашол бисер со големина на грашок, што би можел да вреди и поголема сума на пари.

– Вредноста се проценува според чистотата, сјајот и заобленоста – рече Еди Ливи, сопственик на продавница за бисери на Менхетен.

Тој додава дека бисерот што бил пронајден во јадењето не бил многу топчест и дека имал црна точка која може или не може да се отстрани.

– За нешто во ваква состојба, за купувач кој навистина го сака, тој би платил од 2.000 до 4.000 долари – појаснува Леви.

Антош го платил ручекот 14,75 долари.

– Веќе 28 години работам овде. Ова е вторпат да гледам вакво нешто – додава Сенди Ингберг, директор на ресторанот.

Антош вели дека сѐ уште не одлучил што ќе прави со бисерот.

– Дефинитивно ќе се вратам и ќе се обидам да пронајдам уште некој бисер. Никогаш не се знае – додава Антош.