Познатиот шкотски готвач Гордон Ремзи откри дека претрпел загуба од 66 милиони евра, откако бил принуден да затвори поголем дел од своите ресторани поради пандемијата, поради пренесуваат светските медиуми.

Педесет и четиригодишниот Ремзи поседува 35 ресторани, од кои 18 се во Лондон. Тој планирал да отвори уште пет ресторани годинава, но претрпел финаниски загуби како последица од пандемијата. Ремзи загубил 11,5 милиони евра само на сметка на откажаните резервации во јануари, поради третиот карантин. Тој бил принуден да побара помош од британската Влада за да спаси илјадници работни места во неговите ресторани.

Компанијата „Гордон Ремзи ресторантс груп“ е основана во 1997 година, и е една од најголемите од тој вид во приватна сопстеност во Велика Британија. Ремзи има 10 ресторани и во САД.

Британскиот премиерот Борис Џонсон неодамна ги откри плановите за повторно отворање на рестораните со новите мерки. По неколкунеделните ограничувања само на услуги и достава до дома, од 12 април британските пабови и ресторани ќе можат да примаат гости од најмногу две домаќинства.