Владо Јаневски ја обнови соработката со продукцијата „Авалон“, од каде што најавуваат негов голем концерт во Скопје, кој ќе се одржи на отворено, на стадионот на АРМ на 1 јуни. Концертот е по повод 25 години успешна кариера на Владо Јаневски, која почна со песната „Црно тиквешко“, по која следуваа безброј хитови што придонесоа тој во моментов да важи за една од најголемите музички ѕвезди во Македонија. – Се очекува на концертот да присуствуваат околу 10.000 обожаватели на Владо Јаневски од цела Македонија и навистина ни е задоволство што во годината во која и ние одбележуваме јубилеј од 25 години го работиме овој проект – велат од „Авалон“. Влезниците се пуштени во продажба преку продажната мрежа на Купи карти за сѐ низ цела Македонија и онлајн на веб-страницата на Купи карти за сѐ, по цени од 500, 800 и од 1.000 денари.