Глечерот Пресен, кој се наоѓа во Северна Италија, секоја година, од 2008-та наваму, го покриваат со ленти од ткаенина за да се спречи неговото топење.
За да не исчезне оваа природна појава, климатските експерти со ова специјално обвиткување спречуваат топење на мразот како последица на рефлектирањето на сончевите зраци одоздола.
Тие велат дека 70 проценти од мразот налето може да се зачуваат со заштина прекривка, која дејствува на ист начин како и сребрениот рефлектирачки штит што се става на предното стакло на автомобилот, за да се запре прегревањето на внатрешниот дел.
Глечерот Пресен е опкружен со многу широки врвови, а тимот на експерти претпоставува дека лентите со ширина од пет и должина до 70 метри ќе покријат околу 120.000 квадратни метри од замрзнатата површина.