Според нови истражувања, гледањето филмови со суперхерои може да биде позитивно за вашата самодоверба. Исто така, ваквите филмови можат да ви помогнат во победувањето на стравовите кои ги имате како и со намалување на анксиозноста, пренесува „Њујорк пост“.

Експертите велат дека гледањето на филмови со суперхерои помага и во третирање на одредени психолошки пореметувања. Откога е споведено истражувањето, откриено е дека изложеноста на филмовите за „Спајдермен“ (човекот-пајак) и „Антмен“ (човекот-мравка), кај гледачите ги намалиле фобиите од пајаци и мравки за речиси 20 отсто.

Друго истражување покажало дека филмовите од серијалот „Одмаздници“ ги потсетуваат гледачите на тимската работа и колку таа е клучна за да се постигне успехот.